• петок, 22 ноември 2024

Во Сплит сè уште се чекаат резултати од брис за евентуален коронавирус

Во Сплит сè уште се чекаат резултати од брис за евентуален коронавирус
Сплит, 3 февруари 2020 (МИА) – Здравствената состојба на мажот кој е примен во Клиничката болница во Сплит поради сомневање дека е заразен со коронавирус е стабилна и сè уште се чека на конечниот лабораториски резултат. Претставници на Клиничката болница соопштија дека брисевите се испратени во Загрепската болница за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“. Според агенцијата Хина, пациентот имал лесна респираторна инфекција и ќе остане во изолација. Далматински портал вчера јави дека пациентот неодамна престојувал во Кина и затоа е превентивно изолиран. јт/

Остани поврзан