• четврток, 26 март 2026

ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра

ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра

Брисел, 12 март 2025 (МИА) - Европската унија ќе воведе контра тарифи за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум, соопшти Европската комисија.

Контрамерките ќе стапат на сила следниот месец.

„Ова е соодветно на економскиот опсег на американските тарифи. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора. Почнувајќи од 1 април и целосно во сила од 13 април“, нагласи Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
„Подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог. Му доверив на комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи разговорите за изнаоѓање подобри решенија со САД“, додаде фон дер Лајен. зш/
фото Х/Лајен

Остани поврзан