• сабота, 13 април 2024

Во сообраќајката кај Битола загинаа македонски и норвешки државјанин

Во сообраќајката кај Битола загинаа македонски и норвешки државјанин

Битола, 21 февруари 2023 (МИА) - Попладнево во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец А3 - Битола - Прилеп, животот го загубија две лица.

Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило марка „Ситроен Ксара", со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Ситроен Ц1", со битолски регистарски таблички, управувано 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со кого патувала и Норвежанката A.E. (49).

Во незгодата од повредите на лице место починале двајцата возачи, а A.E. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Сообраќајот на релација Битола - Прилеп по неколкучасовен прекин, беше нормализиран во 19:25 часот. мт/сп/

ФОТО: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан