• четврток, 03 октомври 2024

Во Собранието седници на три комисии

Во Собранието седници на три комисии

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија се две точки - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со европско знаме и по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година, Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен за 2023 година. фф/мд/

Фото: МИА Архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан