• четврток, 26 март 2026

Во Собранието работилница „Млад франкофонски парламент“

Во Собранието работилница „Млад франкофонски парламент“

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи работилница „Млад франкофонски парламент“ на чие отворање ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер и Иванка Василевска, претседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Потоа ќе следи седница на Младиот франкофонски парламент – едукативна симулација „Имам став!“ под модераторство на Соња Стаменковска, од Парламентарен институт и ќе бидат доделени и сертификати за учество на настанот. вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан