• понеделник, 01 јули 2024

Во Словенија, домашен бел твор заразен со коронавирус

Во Словенија, домашен бел твор заразен со коронавирус
Љубљана, 3 декември 2020 (МИА) - Во Словенија, за првпат е потврден случај на зараза со коронавирусот кај домашно животно. Станува збор за питом бел твор (лат.: Mustela putorius furo), коешто неговите сопственици, заразени пред тоа, го чувале како домашно милениче. - За време на тестирањето во вторникот, потврдивме нова инфекција со коронавирус кај бел твор, што имаше и проблеми со варењето, меѓу другото. Животното потекнува од домаќинство во кое коронавирусната зараза претходно беше потврдена кај луѓето и куќата беше во карантин со своите сопственици, поради ризикот од ширење на заразата, изјави за медиумите Урош Крапез - заменик директор на Националниот ветеринарен институт при Ветеринарниот факултет во Љубљана. Според стручњакот, значи, покрај луѓето, и творовите можат да бидат заразени и со коронавирус, како и нивните блиски роднини - визоните и хрчките, а поретко и - мачките и кучињата. - Кај домашните животни кои можат да бидат заразени, болеста е лесна и не претставува ризик од пренесување на луѓето, вели Крапеш. си/

Остани поврзан