• четврток, 06 јуни 2024

Во Словачка лотарија за вакцинираните граѓани

Во Словачка лотарија за вакцинираните граѓани
Братислава, 2 јули 2021 (МИА) - Во Словалчка ќе се организира лотарија со неделни награди до два милиона евра за вакцинираните граѓани, а ќе се понудат и бонуси за лицата кои ќе убедат други граѓани да вакцинираат против Ковид-19. Според предлогот усвоен денеска во Парламентот, вакцинираните граѓани ќе имаат можност еднаш да учествуваат во лотаријата по примањето на секоја доза. Додека секој кој ќе убеди друго лице да се вакцинира од 30 до 90 евра откако истиот ќе ја прими втората доза, а висината на бонусот зависи од возраста на вакцинираното лице. Во Словачка, која има 5,5 милиони жители досега се вакцинирани 28,7 отсто од населението. ми/

Остани поврзан