• среда, 03 јули 2024

Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - Град Скопје соопшти дека од 14 до 18 август (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

-Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, наведува Град Скопје. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан