Во Сирија елиминиран командант на ИД
- Ирачката служба за борба против тероризмот денеска соопшти дека во операција на меѓународната коалиција, предводена од САД, во соседна Сирија, елиминиран е командант Абдул Рахман ал Халаби, еден од лидерите на Исламска држава (ИД)
Багдад, 19 септември 2025 (МИА) – Ирачката служба за борба против тероризмот денеска соопшти дека во операција на меѓународната коалиција, предводена од САД, во соседна Сирија, елиминиран е командант Абдул Рахман ал Халаби, еден од лидерите на Исламска држава (ИД).
Командантот Омар Абдул Кадер Басам, познат како Абдул Рахман ал-Халаби, беше шеф на странските операции и безбедноста на ИД. Тој е обвинет за водење напади во неколку земји, вклучувајќи го и бомбардирањето на Амбасадата на Иран во Либан, и за планирање напади во Европа и во САД, што се спречени благодарение на работата на разузнавачките служби, се наведува во соопштението на Ирачката служба за борба против тероризмот.
Централната команда на САД, која е одговорна за Блискиот Исток, изврши серија напади во Сирија насочени кон членови на ИД. Американски претставници предупредија дека ИД се надева дека ќе ја врати својата позиција во Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во декември минатата година. ми/
фото: МИА архива