• среда, 23 октомври 2024

Во „Свети Наум Охридски" стопостотен ангажман околу итни пациенти од цела држава, во услови на проблеми со хируршки сали на Клинички

Во „Свети Наум Охридски

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Раководителот на Одделот за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, денеска во изјава за медиуми посочи дека работат со полн капацитет, во услови на проблем со хируршките сали на Клинички.

-Во принцип секогаш работиме со полн капацитет. Сега во последниот период со актуелната состојба, стопроцентно нашиот ангажман е околу итните пациенти кои ги примаме од целата држава, рече Настов. 

На новинарско прашање дали хроничните пациенти мора да се одложуваат поради настанатата состојба и дали со тоа се зголемува листата на чекање на Одделот за трауматологија и ортопедија, тој одговори дека се одложени не само на овој оддел туку и во целата болница, сите, условно кажано, елективни пациенти, со цел, вели, да може да се излезе во пресрет на побарувањата за итните пациенти кои доаѓаат од целата држава. 

-Генерално, најверојатно толку колку што траел периодот на одложување, толку ќе трае и периодот на надополнување, одговори тој, на прашањето, колку ќе им треба подоцна, за да се вратат во нормално функционирање, да се истретираат сите тие елективни пациенти. 

Капацитетот во последните три недели е исполнет од 95 до сто проценти. 

Нермин Шакири, економски директор на болницата, апелираше што побрзо да се надминат проблемите со хируршките сали на Клинички, за и овде кај нив, работите да се вратат во нормала. бд/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан