• четврток, 26 декември 2024

Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година

Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година

Истанбул, 21 октомври 2024 (МИА) - Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кого официјална Анкара тврди дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, почина на 83-годишна возраст во Соединетите Американски Држави каде што живееше во доброволен егзил, објавија денеска турските медиуми.

Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но последните години ги помина во егзил обвинет за организирање обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, иако тој ги негираше обвиненијата.

Херкул, сајт кој ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот Х профил објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болницата каде што бил на лекување.

Фетулах Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но подоцна се разидоа, а Ердоган го сметаше за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година во кој бунтовничките турски војници ја презедоа контролата врз авионите на турските воздухопловни сили, оклопните и хеликоптерски единици. Во тој неуспешен обид за преземање на власта, загинаа околу 250 луѓе, а Ѓулен живееше во самопрогон во САД од 1999 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан