• понеделник, 23 декември 2024

Во САД од коронавирусот починале уште четири лица

Во САД од коронавирусот починале уште четири лица
Вашингтон, 2 март 2020 (МИА) - Уште четири лица од околината на Сиетл починале откако биле инфицирани со Ковид-19, со што вкупниот број на починати во САД се искачи до шест. Во Вашингтон засега дијагностицирани се 18 случаи на коронавирус. Сите шестмина починати се од оваа сојузна држава. Двајца живееле во дом за стари лица во близина на Сиетл, за кој се сомничи дека станува жариште на смртоносниот вирус. Друго жариште во Вашингтон е болница во округот Киркленд, каде десетмина пациенти покажуваат симптоми на Ковид-19. Тројца од починатите се жени, две со над 80 годишна возраст, една со возраст од над 70 години, третото лице живеело во друг округ, јави „Ен-пи-ар“. На место работи тим од Центарот за контрола на заболувањата и превенција (ЦДЦ) и сите регистрирани случаи се во карантин. Од ЦДЦ укажуваат дека засега не советуваат затворање на школите или откажување на собири. Во моментов во САД има 91 случај на заболени од коронавирус, од кои 48 се поединци евакуирани од Кина и од крузерот во Јапонија. Во текот на викендот, официјални лица потврдија дека првите случаи на инфекција од Ковид-19 се појавиле во сојузите држави Флорида, Њујорк и Роуд Ајленд. кб/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан