• сабота, 23 ноември 2024

Во Радовиш ќе се изгради нов парк во соработка со турската агенција ТИКА

Во Радовиш ќе се изгради нов парк во соработка со турската агенција ТИКА
Радовиш, 18 март 2021 (МИА) - До крајот на јули треба да се изгради нов парк во Радовиш со соработка меѓу Општината и Турската агенција за соработка и координација ТИКА, соопшти градоначалникот на Радовиш по средбата со Герасим Конзулов и Халим Омер Согут, програмски координатор на ТИКА. На средбата се разговарало за интензивирање на соработката помеѓу Општина Радовиш и ТИКА и во таа насока гостинот Омер Согут бил запознат со тековните проекти кои Општината ги реализира во турските населени места. Од страна на градоначалникот Конзулов била изразена благодарност за досегашната соработка со ТИКА и надеж за реализација на нови проекти. рт/ки/

Остани поврзан