• петок, 22 ноември 2024

Во Пробиштип се рехабилитира регионалниот пат

Во Пробиштип се рехабилитира регионалниот пат

Пробиштип, 28 март 2023 (МИА) - Почна рехабилитација на регионалниот пат од влезот на Пробиштип, поточно кај мостот во насела Пробиштип до крстосницата на влез во градот.

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов, којшто денеска беше на местото истакна дека рехабилитацијата на овој регионален пат е  во должина од два километри.

-Овој проект го спроведува Агенција за државни патишта и е од големо значење за нашата општина со оглед на фреквентноста на сообраќајот. Согласно динамичниот план предвидено е рехабилитацијата да заврши за околу две недели, вели Анастасов.

Во Општина Пробиштип се очекува реализација на уште неколку проекти, меѓу кои и замена на уличното осветлување, кое ќе чини 25 милиони денари, ќе се промени и покривот на детска градинка во износ од 79.000 евра, а проектот се реализира со средства, кои се донација од Амбасадата на Јапонија.

Меѓу проектите кои ќе се реализираат оваа пролет се и воводод во село Турско Рударе, за што средствата во износ од пет милиони денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски. вдј/мд/

 Фото: Општина Пробиштип

Остани поврзан