• недела, 22 декември 2024

Во прифатниот центар во Шенѓин пристигнаа осум мигранти 

Во прифатниот центар во Шенѓин пристигнаа осум мигранти 

Тирана, 8 ноември 2024 (МИА) - Со бродот "Либра"  во албанскиот пристанишен град Шенѓин, утринава пристигнаа осум мигранти кои пред три дена тргнаа од Италија.

Шесте мигранти,кои по потекло се од Египет, а двајца од Бангладеш, се симнаа од бродот под строги безбедносни мерки, кои по неопходните проверки ќе бидат упатени во кампот во Ѓадр.

Владата предводена од премиерката Џорџа Мелони го користи овој брод за да прифати на отворено море мигранти, возрасни и здрави мажи, кои доаѓаат од земји кои се сметаат за безбедни и да ги превезува прво во прифатниот центар во Шнѓин, а потоа во Ѓадр,  според договорот потпишан со Албанија во ноември минатата година.

На 16 минатиот месец пристигна првата група со16 мигранти од Египет и Бангладеш, од кои четири мораше веднаш да бидат вратени во Италија, бидејќи две лица беа малолетни додека двајца со влошена здравствена состојба.

Но, само ден по сместувањето и останатите 12 беа вратени назад по одлуката на судот во Рим дека двете земји на нивно потекло не се во списокот на безбедни земји.

Според договорот во кампот во Ѓадр ќе може да се сместат 3.000 мигранти месечно, или 36 илјади годишно, кои тука ќе го чекаат одговорот за азил од италијанските власти. вт/сд/

Остани поврзан