• вторник, 16 април 2024

Во Прилеп отворена изложбата „повторна средба“ на Анита Јовеска Сот

Во Прилеп отворена изложбата „повторна средба“ на Анита Јовеска Сот

Прилеп, 27 мај 2023 (МИА) - Во ликовната галерија во домот на културата „Марко Цепенков" во Прилеп пред бројните посетители синоќа беше отворена изложбата „Повторна средба" од прилепската уметница Анита Јовеска Сот.

Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.

-Нивните погледи продираат длабоко под прагот на свеста, вовлекувајќи ги заинтригираните посетители да нурнат во таинственото море од мистерии, минувајќи низ емотивен катарзичен процес, рече Димеска.

Уметницата Анита Сот рече дека жената како инспирација ја имаме сите околу нас, моќна и силна, секоја различна и своја. 

Анита Јовеска Сот е академиски сликар, родена прилепчанка. Дипломирала на Националната Академија за уметност во Софија, Р.Бугарија во  2008 година, на отсекот плакат и визуелни комуникации. Оваа е трета самостојна изложба на Јовеска Сот. Изложбата ќе биде отворена до 7 јуни. ем/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан