Во Појасот Газа во последните 24 часа загинаа 58 лица, вкупно 45.319 жртви
- Министерството за здравство на Појасот Газа под контрола на Хамас денеска соопшти дека најмалку 58 луѓе биле убиени во изминатите 24 часа на палестинска територија по 14 месеци војна со Израел.
Газа, 23 декември 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Појасот Газа под контрола на Хамас денеска соопшти дека најмалку 58 луѓе биле убиени во изминатите 24 часа на палестинска територија по 14 месеци војна со Израел.
„Со тоа, вкупниот број загинати се искачи на 45.317“, се вели во соопштението.
Се додава дека 107.713 лица се повредени во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година. паг/