Во последната недела од нејзиниот мандат, американската потпретседателка Камала Харис ќе ги посети Сингапур, Бахреин и Германија
- Патувањето, планирано да трае од 13 до 17 јануари, ќе биде последна можност за Харис да работи на предизвиците на американската надворешна политика пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Вашингтон, 8 јануари 2024 (МИА) - Американскaтa потпретседателка Камала Харис планира да го заврши својот мандат со посети на Сингапур, Бахреин и Германија, соопшти нејзиниот кабинет.
Патувањето, планирано да трае од 13 до 17 јануари, ќе биде последна можност за Харис да работи на предизвиците на американската надворешна политика пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Иако таа не ги откри нејзините следни чекори по поразот на претседателските избори, посетите сугерираат дека Харис можеби ќе сака да продолжи да игра улога на светската сцена. Исто така, постојат најави дека Харис може да се кандидира за гувернер на Калифорнија, јавија американските медиуми.
Дин Либерман, заменик-советникот за национална безбедност на Харис, во писмената изјава рече дека „потпретседателката чувствува дека е важно да помине некои од нејзините последни денови на функцијата заблагодарувајќи се и директно ангажирајќи се со американскиот воен персонал распореден во странство, кој, како што наведе, е една од нејзините најголеми привилегии како потпретседателка“. зш/