• среда, 25 декември 2024

Во посета на македонскиот КИЦ во Тирана ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје

Во посета на македонскиот КИЦ во Тирана ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје

Тирана, 23 мај 2023 (МИА) - Во посета на македонскиот Културно информативен центар во Тирана денеска беа ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје, нивните професорки, Емилија Величкова и Даниела Арсова, заедно со Зорица Атанасовска, професорка во француското училиште во Тирана. 

-Младите луѓе се запознаа со работата на нашиот културен центар. Во пријатна атмосфера се водеше повеќечасовен разговор, околу запознавање на нашите млади луѓе со децата од Република Албанија, овдешната култура, историја и уметност, информираа од македонскиот КИЦ.

Оценуваат дека „ова се значајни чекори околу нашето меѓусебно запознавање и приближување на нашите млади луѓе, отворање нова страница во пријателските односи меѓу нашите две пријателски земји“.

По посетата на нашиот македонскиот КИЦ во Тирана, учениците и нивните професорки, направија обиколка на Тирана. вт/мс/

фото: КИЦ Тирана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан