• понеделник, 13 мај 2024

Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица

Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица

Астана, 30 ноември 2023 (МИА) - Тринаесет лица загинаа синоќа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градскиот оддел за итни случаи.

Пожарот избувнал во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости во хостелот.

Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата.

Според градоначалникот на Алмати, три лица се хоспитализирани.

Причината за пожарот засега е нејасна. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан