• недела, 28 април 2024

Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре

Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре

Богданци, 3 август 2023 (МИА) - Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева.

Директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот се уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ.

Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов за МИА изјави дека пожарот поминал покрај ветерниците, но не предизвикал штета.

-Со гаснење ќе продолжиме утре рано, а во текот на ноќта на местото на пожарот ќе останат дежурни екипи. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да го ставиме пожарот под контрола и да га изгаснеме, изјави Шапов.

Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина. рт/мд/

Фото: Принтскрин ЦУК

Остани поврзан