• петок, 17 мај 2024

Во пожарот во грчката област Еврос, активен веќе 16 дена, изгорената површина надминува 93.500 хектари 

Во пожарот во грчката област Еврос, активен веќе 16 дена, изгорената површина надминува 93.500 хектари 

Атина, 3 септември 2023 (МИА) – Вкупната површина изгорена од шумскиот пожар во областа Еврос во североисточниот дел на Грција надминува 93.500 хектари, според сателитски податоци од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија обработени од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метето, јави дописничката на МИА од Атина. 

Анализираните податоци што утрово ги објави Метео се заклучно со вчера претпладне, а од опожарените 93.500 хектари, речиси половина, односно 47 отсто (44.018 хектари) се однесуваат на шумски површини. 

Пожарот во Еврос веќе 16 дена е вон контрола, а денеска активни се две жаришта. 

Во гаснењето интервенираат 582 пожарникари со 122 возила, 16 пешадиски тима, осум авиони и два хеликоптери. ср/

Фото: портал Метео

Остани поврзан