• недела, 22 декември 2024

Во Пехчево одбележан Денот на ослободувањето на градот

Во Пехчево одбележан Денот на ослободувањето на градот
Пехчево, 7 септември 2022 (МИА) - Во Пехчево одбележан Денот на ослободувањето на градот, 7-ми Септември. По тој повод повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на првоборецот Ванчо Китанов на градскиот плоштад.
Градоначалникот Александар Китански на сите граѓани на Општина Пехчево им упати честитки по повод општинскиот празник нагласувајќи дека денешниот ден е еден од најсветлите датуми во историјата на Пехчево.
-Дебешниот датум 7 Септември е круна на вековниот стремеж на нашиот народ за слобода. Ние денеска водиме мирнодобски битки со цел подобрување на условите за живот со осврат на сите постигнати резултати, рече Китански.
Во рамки на одбележувањето на Ослободувањето на Пехчево се одржа и Свечена седница на Советот во чии рамки беа доделени благодарници на заслужни граѓани, здруженија и компании кои дадоа несебичен придонес за развој на заедницата.
Како дел од настанот, претходно се одржа промоција на книгата Шепотот на вистината од Елена Николова.вс/свс

Остани поврзан