• недела, 22 декември 2024

Во Пекинг соборен е рекордот по бројот на часови под нула степени

Во Пекинг соборен е рекордот по бројот на часови под нула степени

Пекинг, 24 декември 2023 (МИА) - Пекинг, главниот град на Кина, го собори рекордот по број на часови на температури под нулата во декември, поставен во 1951 година, откако студен бран зафати делови од земјата и предизвика виулици, намалувајќи ги температурите на најниско ниво досега.

До денеска, Метеоролошката опсерваторија во Пекинг евидентираше повеќе од 300 часа температури под нулата од 11 декември, најмногу во еден месец од почетокот на евиденцијата во 1951 година, објави Пекинг дејли.

Главниот град имаше и девет последователни денови со температури под минус 10 степени во тој период, додава весникот.

Неколку градови во централната кинеска провинција Хенан, југозападно од Пекинг, доживеаја криза во снабдувањето со парно. Во градот Џиаотонг, кој има повеќе од еден милион жители, дошло до дефект во комуналното претпријатие кое обезбедува греење, што ќе го запре греењето во повеќето компании освен во клучните услуги како што се болниците и домовите за стари лица, а исто така со рестрикции ќе бидат погодени и некои станбени области, објавија државните медиуми.

Два други града во Хенан - Пујанг и Пингдингшан - веќе го прекинаа снабдувањето со греење на владините оддели и административните институции за да им дадат приоритет на становите, соопштија локалните власти.

Северните и североисточните делови на Кина минатата недела доживеаја рекордно студено време, при што некои области на североисток забележаа температури од минус 40 степени Целзиусови и пониски откако наплив на студениот воздух дојде од Арктикот. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан