• понеделник, 03 февруари 2025

Во Пазарџик заврши јубилејното издание на Меѓународниот фестивал „Зимски музички вечери - проф. Иван Спасов“.

Во Пазарџик заврши јубилејното издание на Меѓународниот фестивал „Зимски музички вечери - проф. Иван Спасов“.

Љубители на симфониската музика ја наполнија салата „Мастро Георги Атанасов“ во Пазарџик и на завршниот концерт на јубилејното издание на Меѓународниот фестивал „Зимски музички вечери - проф. Иван Спасов“.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Под раководство на маестро Џин Баек од Кореја, Симфонискиот оркестар на Пазарџик ја изведе Симфонијата бр.5 „Реформација“ од Феликс Менделсон, последен дел од програмата на културниот форум.

Пред тоа, публиката аплаудираше и на виолинистката Десислава Чолакова, родена во Пазарџик. Таа беше гостин солист на оркестарот во „Концерт за виолина и оркестар“ од Арам Хачатуријан.

Фестивалот заврши, но учесниците и нивните фанови посакаа идни средби во неговото следно издание.

Годинава на секоја фестивалска вечер настапија музичари и пејачи родени во Пазарџик и кои постигнале високи креативни достигнувања на националната и меѓународната сцена - Емануил Иванов, Гергана Русекова, Марио Николов и Десислава Чолакова.

Манифестацијата се организира со поддршка на Министерството за култура на Бугарија и се етаблира како една од најзначајните манифестации на класична музика во таа држава, со зачувување на традициите и културниот идентитет на градот, соопштија од општина Пазарџик.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.
фото БТА

Остани поврзан