Во Охрид ќе се одржи 46-тото издание на Илинденскиот пливачки маратон
- Шеесеттина пливачи ќе учествуваат на малиот Илинденски пливачки маратон што денеска по 46. пат ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Охрид, 2 август 2025 (МИА) – Шеесеттина пливачи ќе учествуваат на малиот Илинденски пливачки маратон што денеска по 46. пат ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Традиционално стартот на 2,5 километарската патека е кај поранешниот хотел „Парк“, додека целта е на Кејот на езерото, пред хотелот „Ривиера“.
Учесниците на маратонот се натпреваруваат во две категории - од десет до 15 и од 16 до 36 години.
Стартот на трката за помладите пливачи е од 10 часот, додека за останатите од 10:30.
Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Општинската организација на Црвениот Крст, додека за регуларноста се задолжени две судиски екипи.
Настанот се одржува во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008”, под покровителство на Општина Охрид. аб/вг/
фото/МИА архива