• сабота, 02 декември 2023

Во Охрид „ИТ Денови на кариера-Охрид“

Во Охрид „ИТ Денови на кариера-Охрид“

Охрид, 29 септември 2023 (МИА) - Во Охрид денеска и утре ќе се одржи на вториот настан „ИТ Денови на кариера-Охрид“, чија цел е да ги поврзе локалните ИТ таленти со водечките компании во ИТ индустријата во Македонија.

Најавено е учество на 12 компании и две презентации. Денеска презентација „Како да бидете фриленсер“ и во сабота презентација од Сеавус.

Тимот на Касарна Хаб, информира дека во Охрид моментално има 8200 млади лица од 15-29 години (Завод за статистика), кои се потенцијални кандидати за вработување.

Инаку, Касарна Хаб почна со работа од јули 2022, и досега има организирано 50 - тина различни настани, ИТ обуки за 170 деца, а помогнале за вработување на 50 млади лица.  цр/лв

Фото:  Тим на Касарна Хаб

Остани поврзан