Во општините Ѓорче Петров и Чаир подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри ѓубре
- Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирало низа активности за отстранување диви депонии во чии рамки се подигнати итранспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.
Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирало низа активности за отстранување диви депонии во чии рамки се подигнати итранспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.
Како што соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, активностите се одвивале на неколку локации во општината Ѓорче Петров и тоа на улиците „Борис Сарафов“, „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“, како и во општината Чаир на булеварот „Втора македонска бригада“ и на улицата „Џон Кенеди“.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенирале и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) каде што е отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД. цр/ац/
Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје