• петок, 22 ноември 2024

Во Општина Ѓорче Петров се асфалтираат краците на неколку улици

Во Општина Ѓорче Петров се асфалтираат краците на неколку улици

Скопје, 4 септември 2024

Со задоволство ви ја соопштуваме најновата градежна активност во Ѓорче Петров. Во моментов се изведуваат работи на асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и краците на улица 31 и улица 49 во Волково.

Со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2300 м², директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.

Градоначалникот Александар Стојкоски изрази гордост што локалната самоуправа успешно ги реализира ветувањата, истакнувајќи дека секој завршен проект е доказ за посветеноста и чесноста во работата. „Работиме со цел да го направиме Ѓорче Петров место со подобри услови за живот и модерни патишта. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност,“ изјави Стојкоски.

Со секој нов проект се приближуваме кон нашата визија за современа и просперитетна заедница.

Со почит,

Кабинет на општина Ѓорче Петров

фото: Кабинет на општина Ѓорче Петров

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан