• петок, 11 октомври 2024

Во Ниш уапсено лице поради фалсификување исправи за кучиња за прекуграничен транспорт

Во Ниш уапсено лице поради фалсификување исправи за кучиња за прекуграничен транспорт

Белград, 11 септември 2024 (МИА) - Припадниците на Министерството за внатрешни работи, УКП, Службата за сузбивање криминал-Оддел за сузбивање на еколошки криминал и Полицијската Управа во Ниш, во соработка со Управата за ветеринарство и Основното јавно обвинителство Ниш, го уапсија М. Ј. (1989) од Ниш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа, јави дописникот на МИА од Белград.

-М. Ј. како сопственик на претприемачкиот дуќан „Сплендор Пет транспорт“ е осомничен дека прибавувал и изработувал документи за кучиња со невистинита содржина заради непречен прекуграничен транспорт на кучиња преку државната граница на Република Србија, се наведува во соопштенеито на МВР.

При претресот на станот и другите простории на пријавениот пронајдени се десетици домашни и странски пасоши за кучиња чија автентичност е доведена во прашање, апликатори со микрочипови, како и ветеринарни печати кои служеле за фалсификување на пасоши.

Осомничениот е приведен во надлежното обвинителство, наведуваат во соопштнеието од МВР. об/

фото: српско МНР

Остани поврзан