Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
- Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во
понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето. сст/са/
фото МИА архива