• недела, 21 јули 2024

Во Неготино спуштените тротоари за лица со инвалидитет ќе бидат изработени согласно проект

Во Неготино спуштените тротоари за лица со инвалидитет ќе бидат изработени согласно проект

Неготино, 25 ноември 2023 (МИА) - Во Неготино спуштените тротоари за лица со инвалидитет ќе бидат изработени согласно на проектот, информираа денеска од Службата за информирање при неготинската локална самоуправа. 

- Општина Неготино ги информира граѓаните дека при извршување на градежните работи за реконструкција на тротоари на улица „Маршал Тито“ и изведување на спуштени тротоари за полесно движење на лицата со инвалидитет, е дојдено до пропуст при реализацијата на спуштените тротоари и изведувачот на работите е известен веднаш по забележувањето дека не се работи според проектот, соопштија од прес-службата.

Оттаму појаснија дека информацијата од страна на стручните служби при Општина Неготино, до изведувачот, со реакција за пропустите е доставена пред две недели кога впрочем е констатирано дека работите не се одвиваат согласно проектот.

- Ги известуваме сите заинтересирани и граѓаните кои реагираат на неправилностите кои се регистрирани и од наша страна, дека изведувачот има преземено обврска и дека спуштените тротоари за лица со инвалидитет ќе бидат изработени согласно проектот и пропишаните стандарди, нагласија од Службата за односи со јавноста при Општината. свд/мд/

Фото : МИА архива

Остани поврзан