• четврток, 04 јули 2024

Во Неготино се одржаа „Џидимирските средби“

Во Неготино се одржаа „Џидимирските средби“

Неготино, 1 јуни 2024 (МИА) - По седми пат, денеска во општината Неготино се одржаа Џидимирски средби, на едно место се собраа оние што потекнуваат од некогашното село Џидимирци, нивни наследници и посетители добронамерници, кои сакаат да посетат дел од неготинска општина. 

-Општина Неготино и оваа година во рамките на можностите со финансиски средства го поддржа одржувањето на „Џидимирски средби“, што со упорност и истрајност традиционално ги организира Здружение на граѓани „Форум за Џидимирци. Средбите започнаа со организирана посета, палење свеќи и положување цвеќе на спомен-обележјето поставено во 2016 година, на местото каде некогаш било селото Џидимирци, во знак на сеќавање на починатите кои  живееле во ова село, рече градоначалникот Горан Стојанов. 

Присутните имаа можност да се потсетат на местото каде што некогаш живееле, да евоцираат спомени и да се потсетат на настани и случувања во времето кога живееле во Џидимирци. 

-Настанот продолжи во Неготино со посета на Музејот на градот и разгледување на поставката „Џидимирска соба “, а во Центарот за култура присутните уживаа во извонредно богата и квалитетна културно-уметничка програма, читање поезија, доделување плакети и музички настап на хорот „Франце Прешерн“ од Скопје, под диригентската палка на маестро Александар Шопов. Следните средби ќе се одржат во првата сабота во месец јуни 2025 година, додаде Стојанов. свд/вј/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан