• петок, 27 декември 2024

Во Музеј галерија Кавадарци мултимедијален настан за жените што го променија светот 

Во Музеј галерија Кавадарци мултимедијален настан за жените што го променија светот 

Кавадарци, 6 март 2024 (МИА) - Мултимедијален настан за жените што го променија светот, се реализираше синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци, во соработка со гимназијата ,,Добри Даскалов". Преку збор, ликовна и музичка уметност, под менторство на професорките Васка Петкова и Наташа Матакова, се привлече вниманието на многубројните присутни. 

Во своето обраќање, Марија Михова, кустос историчар во Музејот, рече дека низ историјата, жените докажале дека можат да бидат успешни во различни области од животот. 

- Вечерва се потсетуваме на силни жени кои допринеле за унапредување на женските права, додаде таа. 

Настанот во чест на денот на жената, 8 Март, беше поддржан од кавадаречката локална самоуправа. свд/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан