• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Музејот на град Скопје изложба во чест на народниот херој Цветан Димов

Во Музејот на град Скопје изложба во чест на народниот херој Цветан Димов
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - Изложба во чест на народниот херој Цветан Димов денеска се одржа во Музејот на град Скопје во рамки на прославата на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје. Во Скопје живееле и делувале многу истакнати револуционери, кои во текот на четиригодишната народно-ослободителна војна дале бројни жртви меѓу кои и на народниот херој Цветан Димов. Веднаш по ослободувањето, на 26 јули 1945 година, Цветан Димов е прогласен за народен херој, како еден од првите борци кои го добиле ова одликување.вј/ев/

Остани поврзан