Во Москва уапсено уште едно лице вмешано во нападот во концертната сала „Крокус“
- Во Москва е уапсен единаесеттиот обвинет за учество во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, соопштија за руските медиуми од московскиот суд.

Москва, 5 април 2024 (МИА) - Во Москва е уапсен единаесеттиот обвинет за учество во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, соопштија за руските медиуми од московскиот суд.
Судот прецизираше дека е уапсен Мухамед Зоир Шарипзода, родум од Таџикистан.
Тој се товари за кривично дело терористички акт. рп/
Фото: МИА архива