• петок, 28 јуни 2024

Во Москва издадено предупредување за можно торнадо

Во Москва издадено предупредување за можно торнадо

Москва, 20 јуни 2024 (МИА) - Жителите на Москва се информирани да се воздржат од излегување надвор при лоши временски услови денеска поради поројни врнежи што се очекуваат во главниот град на Русија, соопштија градските власти
„Во главниот град денеска се очекуваат екстремно интензивни врнежи од дожд, постои можност за торнадо... Ги молиме граѓаните да се воздржат од излегување на улица при лоши временски услови, да бидат крајно внимателни, да не се кријат под дрвја, да не паркираат автомобили во близина дрвја, строго се придржуваат до ограничувањата за брзина и растојание“, се наведува во пораката на властите.

Во некои делови на Москва веќе врне пороен дожд, а метеоролозите најавија можно создавање торнадо во периодот од 12 до 17 часот. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан