• понеделник, 07 октомври 2024

Во Минхен убиен осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат, бил австриски државјанин со потекло од БИХ

Во Минхен убиен осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат, бил австриски државјанин со потекло од БИХ

Минхен, 5 септември 2024 (МИА) - Осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист, кој од претходно и бил познат на полицијата. 

„Мораме да претпоставиме дека нападот врз Израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран изутрината“, рече Херман.

Како што објави „Билд“, станува збор за Емрах И.(18), роден во Австрија, со потекло од Босна и Херцеговина. рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан