• понеделник, 18 ноември 2024

Во метеж при рамазанско делење храна и пари во Пакистан загинати 11 жени и деца

Во метеж при рамазанско делење храна и пари во Пакистан загинати 11 жени и деца
Карачи, 31 март 2023 (МИА) - Најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во пакистанскиот град Карачи, во метеж што се случи во Рамазанскиот центар за делење храна и пари, соопштија денеска полицајци и спасувачи.

Сопствениците на компании често делат пари и храна за време на исламскиот празник Рамазан, особено на сиромашните, а опустошениот од поплавите Пакистан се соочува со високи цени на храната.

Стотици жени и деца се туркале во обид да земат храна во фабрика во индустриската област.

„Кога толпата ја фати паника, некои жени и деца паднаа во отворен одвод“, соопшти полицијата, а мештаните велат дека ѕидот до одводот исто така се урнал, при што загинаа неколку лица.

Според полицијата, загинале осум жени и три деца, а неколку се повредени.

Истрагата е во тек, а приведени се неколку вработени во фабриката.

Од полицијата велат дека не знаеле за акцијата за делење храна и пари, бидејќи сопственикот на фабриката не испратил известување дека планира такво нешто. паг/

Фото: ЕПА




Остани поврзан