• понеделник, 18 ноември 2024

Во МАНУ се одржаа 24. Балкански медицински денови

Во МАНУ се одржаа 24. Балкански медицински денови

Скопје, 17 јуни 2024 

Во Скопје од 14 до 16 јуни 2024 година, во МАНУ, се одржаа 24-те Балкански медицински денови на Балканската медицинска унија. Состанокот беше организиран од Македонската секција на Унијата во соработка со Македонската академија на науките и уметностите.

Балканската медицинска унија е формирана во 1932 година од Националната академија на медицински науки на Франција. Таа ееедна од најстарите интернационални организации на балканските простори со обединувачка улога на народите во регионот по Првата светска војна. За време на скоро стогодишното постоење Балканската медицинска унија со своите перманентни активности потполно го оправда своето постоење. Таа во моментот има 9 редовни члена и тоа: Романија, Бугарија, Србија, Северна Македонија, Грција, Албанија, Турција, Молдавија и Република Кипар. Официјален јазик на Унијата во комуникацијата е францускиот, а во последно покрај него се користи и англискиот.

Состаноците се одржуваат секоја година со различна тема (оваа година беше метаболниот синдром) и македонската секција редовно зема учество во нив со свои предавања и трудови. На отворањето на Конгресот свои презентации и поздравни обраќања имаа претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, претседателот и потпретседателот на македонската секција, проф. Нинослав Ивановски и проф. Кочо Чакалароски, амбасадорот на Република Франција во РСМ, Н. Е. Кирил Баумгартнер и перманентниот секретар на Унијата проф. Камелија Дијакону, доп. член на Националната академија за медицински науки на Романија. На состанокот зедоа активно учество бројни гости од земјата и од регионот, меѓу кои и акад. Сашко Кедев со свое предавање.

МАНУ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МАНУ 

Остани поврзан