Во МАНУ Меѓународна конференција и промоција на две публикации
- Во рамки на Меѓународната конференција „Улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија“, во организација на Институтот за национална историја денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на две публикации.

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на Меѓународната конференција „Улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија“, во организација на Институтот за национална историја денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на две публикации.
Ќе бидат промовирано делото „Духовната и материјалната култура низ процеси и личности од Македонија (XVIII – XX ВЕК)“, чиј редактор е академик Драги Ѓоргиев. Промотор ќе биде Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ.
Исто така ќе биде промовирана и книгата „Раскажувачи, собирачи и истражувачи“ од професорот Танас Вражиновски. Издавач е „Панили“ - Скопје. Промотор ќе биде професорот Ермис Лафазановски.
Во рамки на конференцијата, на Градските гробишта „Бутел“ ќе биде положено цвеќе по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски (1878–1940) и пет години од смртта на академик Блаже Ристовски (1931–2018). мд/лв/
Фото: МИА архива