• петок, 22 ноември 2024

Во манастирот во Матка подготовки за одбележување на Голема Богородица

Во манастирот во Матка подготовки за одбележување на Голема Богородица
Скопје, 20 август 2022 (МИА) - Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, во тек се подготовките за одбележување на 28 август, еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот, во сабота на 27 август во 17:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а на полноќ ќе започне сеноќното бдение. На денот на празникот на 28 август, Светата Божествена литургија ќе започне во 8 и 30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Во дворот на манастирот, традиционално како и секоја година, ќе се одржи крводарителска акција. И годинава, одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат и како Голема Богородица, ќе се одвива согласно препораките за заштита од Ковид -19: да се одржува физичко растојание од 1.5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот. Сестринството од манастирот апелира со зеднички сили да се испочитуваат и запазат препораките за заштита на личното и здравјето на нашите ближни. ев/бак/

Остани поврзан