• четврток, 16 мај 2024

Во Македонска Каменица синоќа се одржа вечер на стенд-ап комедија

Во Македонска Каменица синоќа се одржа вечер на стенд-ап комедија
Македонска Каменица, 18 октомври 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица синоќа се одржа вечер на стенд-ап комедија. На настанот, кој Културно-информативниот центар „Романса“ од М.Каменица го организираше со продукцијата на „Златен Заб", настапија познати стенд-ап комичари од земјава и Балканот.
-Балканското стенд-ап шоу се одржува во неколку градови во земјава. Во М.Каменица настапија комичарите кои предизвикаа вистинско уживање меѓу присутната публиката, истакнаа од КИЦ „Романса".
Во рамки на Балканското стенд-ап шоу пред каменичката публика се претставија српскиот комичар Јагода Јовановиќ, познатата македонска радио и тв водителка Ивана Наскова и Срѓан Слијепчевиќ, комичар од Зрењанин, Србија.
Од продукцијата Златен Заб најавија дека балканските стенд-ап комичари продолжуваат со настапи во Скопје, Штип и други градови во земјава, а својот настап ќе го завршат во Виница со настап на фестивалот Ин Виница Веритас.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан