• петок, 05 декември 2025

Во Липково по две листи за градоначалник и совет, во Старо Нагоричане, четири кандидатури за градоначалник, осум за советнички листи

Во Липково по две листи за градоначалник и совет, во Старо Нагоричане, четири кандидатури за градоначалник, осум за советнички листи

Куманово, 19 септември 2025 (МИА) - Во општина Липково, поднесени се две кандидатури за градоначалник и две за советнички листи, соопштија денеска од Општинската изборна комисија Липково.

- Во моментов ги бираме членовите на изборните комисии за претстојните локални избори, изјави претедателката на ОИК Липково, Ајше Демири.

Во оваа општина според податоците на Државната изборна комисија, кандидатура за градоначалник поднеле Неџмедин Садики од Коалиција Влен и Коалицијата предводена од ДУИ-Национална Алијанса за интеграција со кандидатот, Еркан Арифи.

И за советничките листи, кандидатури поднеле двете коалиции, ВЛЕН со носителот, Лјрим Јашари и Коалицијата предводена од ДУИ со носителот Зекрија Шаини. Во оваа општина, граѓаните гласаат на 36 избирачки места.

Во општина Старо Нагоричане поднесени се четири кандидатури за градоначалник и осум за советнички листи.

- За градоначалници имаме четири листи, сите се партиски и сите се потврдени до сега. За совет имаме осум листи од кои една уште не е потврдена, седум се потврдени, една сè уште не е, чекаме, потврда за едно лице од Основен суд Скопје 1 за изјави, претседателот на ОИК, Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.

За кандидати за градоначалник на оваа општина поднесени се кандидатури од Андреј Димитриевски, од Левица, Мирослав Славковски, коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Далибор Трајковски, коалиција предводена од СДСМ и Власте Димковиќ, од ССМ (Српска странка во Македонија). За советници има осум листи, поднесени се од Движење ЗНАМ – За наша Македонија со носител Милош Стојмановски, од Левица – Иван Зарев, Коалиција Твоја (ВМРО-ДПМНЕ), Ивица Димковски, Единствена Македонија – носител Саша Андоновски, група избирачи Зоран Петровски – носител Зоран Петровски, Коалиција СДСМ – носител Иван Марковиќ, ССМ – Носител Дејан Јовчиќ и група избирачи Далибор Серафимовиќ. Во оваа општина, граѓаните гласаат на 36 избирачки места. ам/


Фото: МИА архива

Остани поврзан