• понеделник, 23 декември 2024

Во кумановската болница почнуваат офталмолошки прегледи за идни првоодделенци

Во кумановската болница почнуваат офталмолошки прегледи за идни првоодделенци

Куманово, 16 март 2024 (МИА) - Офталмолошките прегледи за идните првоодделенци од Куманово во општата болница ќе почнат од претстојната работна недела, понеделник - 18 март, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа.

- Со цел избегнување метеж и навремена услуга за сите, оваа година редовните прегледи за идните првачиња ќе започнат од 18 март. Побарајте упат од вашите матични лекари до офталмолошка амбуланта за скрининг на првачиња, повикаа од болницата.

Офталмолозите апелираат родителите да разберат дека овој преглед е значаен за децата и да не го доживуваат како обврска која единствено мора да ја исполнат за да го запишат детето на училиште. За децата, прегледите се исклучително важни, нагласуваат лекарите. Уписите за првоодделенчиња почнуваат од 1 до 31 мај, годинава. Во Куманово последниве години се запишуваат околу 1500 првачиња.ам/бт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан