Во Куманово промовиран романот„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски
- „Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, укажува писателот, Андоновски.


„Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, укажува писателот, Андоновски.
Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ досега е печатен во 15.000, а „Вештица“ во 11.000 примероци. Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Досега најновиот роман „Папокот на светлината“ е продаден во повеќе од 2.000 примероци. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.ам/лв/