• петок, 05 декември 2025

Во Крушево до 9 часот гласале 6,71, а во Долнени 3,9 проценти

Во Крушево до 9 часот гласале 6,71, а во Долнени 3,9 проценти

Прилеп, 2 ноември 2025 (МИА) - Непречено и без проблеми започна изборниот процес во вториот круг на локалните избори во Крушево и во Долнени, информираат од општинските изборни комисии. Точно навреме се отворени гласачките места.

Во Крушево до 9 часот, на гласање излегле 6,71 процент од запишаните 7768 граѓани со право на глас кои денеска гласаат на 23 избирачки места.

Во Долнени излезноста до 9 часот е 3,9 проценти. Своето право на глас го остваруваат 11 929 граѓани на 40 избирачки места. ем/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан