• петок, 21 февруари 2025

Во Крива Паланка поставени 100 нови садови за селекција на отпад

Во Крива Паланка поставени 100 нови садови за селекција на отпад

Крива Паланка, 19 февруари 2025 (МИА) – Општина Крива Паланка денеска информира дека јавното претпријатие Комуналец го заврши поставувањето на првите 100 садови за селекција на отпад од вкупно 240 обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање  од средствата од продажба на најлонски кеси на национално ниво.

Раководителот на инспекциското одделение од Општина Крива Паланка, Бранко Велиновски, информираше дека во изминатите десетина се поставени садови на повеќе покации во градот, пред јавни институции: училишта, градинки, претпријатија, како и пред спортски и спортско- рекреативни објекти, детски игралишта и останати јавни површини со висока фреквенција на луѓе.

-Поставени и ддоделени на установите се 100  пластични садови со зафатнина  од 120 литри пред Од нив, 50 се наменети за селекција на пластичен отпад, а 50 за хартија и  хартиена  амбалажа од пакувања. Во средината на месец март ќе бидат поставени уште 140 садови од вкупно 240-те што ни беа доделени од МЖСП, а истите ќе се постават на отворени јавни простори, кај правни субјекти и на излетнички места. Соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање преставува пример за добра соработка помеѓу локалната и централната власт  во насока на зачувување на природата и подигнување на свеста на населението за селекција на одредени видови на  отпад, изјави Велиновски.

Посочи дека законска обврска на сите граѓани е да ја чуваат животната средина.

Покрај овие садови за селекција, кон крајот на 2024 година  Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди и 48 контејнери за селекција на хартија и пластика, со зафатнина од 1,1 метар кубен, а истите се поставени во централното градско подрачје, со замена на старите метални кафези  за пластика и  хартија на одредени места. 
Согласно законската регулатива секој создавач на отпад должен е примарно да го селектира отпадот и истиот да го одлага во соодветно поставени садови.

- Општина Крива Паланка наскоро ќе потпише и договори со 3 колективни постапувачи за собирање на три вида отпад: текстил, отпадни гуми и отпадни возила, согласно Законот за псотапување со други видови отпад, додаде Велиновски.ид/

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан