• петок, 22 ноември 2024

Во Крива Паланка одржано Државно карате првенство за деца од 10 до 13 години

Во Крива Паланка одржано Државно карате првенство за деца од 10 до 13 години

Крива Паланка, 8 април 2023 (МИА) - Во спортската сала "Бранители 2001" во Крива Паланка денес се одржа Државното карате првенство за млади од 10 до 13 години, момчиња и девојчиња, во кати и борби. На првенството учествуваа над триста каратисти од 55 клубови во државата.

Присутните ги поздравија претседателот на Карате федерацијата на Северна Македонија, Петар Белистојановски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-Големо е задоволството нашата Општина Крива Паланка да биде домаќин на еден ваков масовен и значаен спортски настан, Државно карате првенство за млади од 10 до 13 години, а уште поголемо е задоволството што за првпат сме домаќини на едно државно карате првенство. Тоа е јасен показател дека она кон што стремиме со постојаните вложувања во спортската инфраструктура и во спортот, преку поддршката на клубовите и младите таленти ја прави Крива Паланка препознатлива на спортската мапа во државата. Прекрасна е глетката да се видат на едно место над 300 спортисти собрани со една цел, да го покажат најдоброто од себе и нивните тренери и родителите да се гордеат со нов. Уште повеќе, мора да истакнам дека првенството е денес во нашиот град и благодарение на тоа што две децении успешно работи и создава нови шампионски генерации во карате спортот, клубот Шампион.

Крива Паланка и нивниот јубилеј ќе биде запаметен и одбележан и со овој масовен спортски собир на најдобрите млади каратисти од целата држава. Честитки за работата на тренерите на шампионите, Стевче Христовски и Жарко Ангеловски, кои се заслужни што градот има со кого да се гордее, како спортски репрезенти и амбасадор, ќе набројам неколку од нив,а ги има многу, тука се: Христијан Димитриевски, Марија Спасовска, Јована Мицовска, Вукашин Јовановиќ, Теодор Павловски, само дел од плејадата успешни, повеќекратни државни прваци и репрезентативци, рече Митовски.


Посочи дека судејќи по она што го гледа тука, преполната сала и десетмината претставници на "Шампион" и Крива Паланка на денешното првенство, верува дека доаѓаат нови наследници на успешните репрезенти на градот во карате спортот. ид/зс/

Остани поврзан