• четврток, 05 септември 2024

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 23 крвни единици

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 23 крвни единици

Велес,4 септември 2024 (МИА) - На крводарителската акција која денеска се одржа во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“  беа собрани вкупно 23 крвни единици. Меѓу крводителите едно лице првпат даруваше и стана дел од големото семејство на крводарители.

- На акцијата крв даруваа офицери и подофицери, професионални војници  и цивилни лица ангажирани во Армијата, информира Орце Николов, секретар на Општинскиот Црвен крст.

Акцијата ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со медицинка екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со која раководеше д-р Кире Тодоров.

Како што потенцира  Николов од ООЦК,  припадниците на Армијата кои се стационирани во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ денеска одново ја покажаа нивната хуманост на дело и  даруваа крв да спасат нечиј живот во опасност.

Оваа е втора годинашна акција во велешката касарна, во првата во февруари годинава  беа собрани 29 крвни единици. ад/мд/

 
Фото: Општинска организација на Црвен крст Велес

Остани поврзан